Василевска: Молк на МВР за сообраќајката која ја предизвика заменик министерот за култура Лазовски

Интегрален текст од изјава за медиуми на Иванка Василевска–член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани на Република Македонија, почитувани даночни обврзници,

МВР  на Оливер Спасовски речиси две недели сеуште не се изјаснил официјално околу сообраќајната несреќа која ја предизвика заменик министерот за  култура, Владимир Лазовски. За ваше потсетување Владимир Лазовски, заменик министерот за култура  во Владата на Заев направи сообраќаен прекршок  со којшто злоупотреби службено возило за којшто не поседуваше документација за дозвола за управување, понатау загрози човечки живот и причини материјална штета на недолжен граѓанин на Република Македонија кој ги почитува сообраќајните прописи и злоупотребувајќи ја својата позиција и својата функција покажа уште еднаш демонстративно дека оваа Влада својата неинвентивност ја користи на начин што предизвикува насекаде нереди и хаос со којшто го загрозува животот на македонските граѓани.

Почитувани,

МВР и Спасовски како и заменик министерот за култура,  Лазовски треба да знаат дека тие се избрани од граѓаните како што не се и ќе заминат со одлука на граѓаните какошто треба и оттаму сакаме да потсетиме и да запрашаме дали метлата којашто ја понуди Драган Спасов-Дац кој пред речиси пред неполна година исто така во пијана состојба како висок државен функционер направи тешка сообраќајна несреќа, а сега демонстрира чистење или метла или исправување во редовите на СДСМ и оваа ненародна власт. Дали навистина овој перформанс ќе го опфати Лазовски како и Зоран Заев кој дозволува да се случуваат вакви неправилности во македонската држава?

Ве повикувам на одговорност, ве повикувам на совесност и посакуваме да се разјасни случајот со најдобри намери за Република Македонија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...