Мицкоски: Трета година како Заев и неговиот тим дрско лажат дека ќе го рестартираат Југохром, по трет пат пролонгираа едно исто ветување

Да ги тргнеме розевите очила на Заев и Владата на страна, и ќе видиме гола борба за егзистенција на нашите граѓани. Трета година како Заев и неговиот тим дрско лажат дека ќе го рестартираат Југохром, по трет пат пролонгираа едно исто ветување. Последното беше дека тоа ќе се случи сега во мај-јуни, но за жал нема ништо од ова нивно ветување, ова денеска прку свој статус на Фејсбук го објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-На почетокот од својот мандат, Премиерот Заев и Вицепремиерот Анѓушев ветија рестартирање на Југохром од Јегуновце што би значело работа за 1 200 семејства кои би обезведиле егзистенција во Полошкиот дел на Македонија. Две години потоа и континуирани ветувања дека само што не почнало рестартирањето на Југохром, немаме ништо во реалноста. А еве како одеа хронолошки тие измами:

-18 јуни 2017-та година, по средбата со синдикатот имаше свечена изјава на премиерот Заев дека ќе најде решение за рестартирање на Југохром и спас на егзистенцијата на 1 200 вработени.

-12 октомври истата 2017-та година, имаше ветување од премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, дека Југохром ќе почне да работи во мај или јуни 2018-та година. Помина не само мај и јуни, туку дојде септември, октомври, дури и ноември кога повторно беше дадено ново ветување.

-22 ноември 2018-та година по потишувањето на меморандумот со Владата, потпретседателот Анѓушев даде ветување дека Југохром почнува со работа најдоцна мај-јуни оваа 2019-та година.

Мај помина, јуни дојде и минува, Југохром не е рестартиран. Поминува третата година на власт на Заев и неговиот цунами економски тим, а немаат исполнето ниту едно клучно ветување. Уште една измама на Заев, уште едно нереализирано ветување.

Премиерот и вицепремиерот гледаме како забораваат на ветеното и сега се дистанцираат од проблемите. Со други зборови отворено не ја говорат вистината и лажат на рати. Постојано нови ветувања и повторно изневерени очекувања.

Јас и минатата година потсетив на ветувањето на Владата за Југохром кое сега гледам дека го забораваат, и ќе ги потсетувам постојано на нивниот срам од изневерените очекувања затоа што за жал некако стана нормално оваа Влада да се служи со измами кои се почесто ги има и кои стануваат нивно (но уште полошо) и наше секојдневие.

Се работи за животи на луѓе, нивни судбини, и тука нема политика, туку чиста неспобност на Владата да ги реши проблемите. Не може да се исперат со никакво неиздржано оправдување или посочување на вината во некој друг. Ветувањата се нивни исто како и срамот од лагите.

Имаме економски крах кој се потврдува со официјални бројки, но и преку реалниот живот на граѓаните, а тоа е зошто Владата не работи, додека криминалот и корупцијата расте.

На Македонија и треба обнова, рестартирање на економијата и резултати. И треба програма која издржана, детална и ќе понуди реални решенија изработени преку искуствата од развиените земји. Програма со која Македонија ќе стане напредна земја со силен стандард. Ние работиме на тоа, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

Тагови:

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...