ЕК нотира лоша економска состојба на Република Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Општа констатација читајќи го Извештајот е дека речиси нема напредок во областа на економијата, во однос на извештајот кој се однесуваше на 2017 година на Европската Комисија.

Ние ќе укажеме овде на неколку забелешки кои што ги има Европската Комисија за македонската комисија односно за перформансите на Владата на Република Македонија предводена од господинот Зоран Заев во областа на економијата во изминатата година.

Имено, двата економски критериуми за влез во Европската Унија а тоа е функционална пазарна економија и оспособеност на економијата да се носи со конкурентските притисоци на економскиот пазар се далеку од тоа да бидат исполнети и Европската Комисија тука констатира дека е забележан речиси незначителен напредок, што значи дека Република Македонија е се уште од она што би се рекло подготвена во областа на економијата а доближување на стандардите со Европската Унија.

Имено, забелешките одат најмногу во областа на структурата на јавните расходи, понатаму владините политики за поддршка на претпријатијата, финансиската помош некој структурни проблеми на економијата, некои политики на планот на растот на платите и слично.

Имено, сите овие забелешки кои што ги констатира Европската Комисија во повеќе наврати, речиси постојано ние како опозициска партија ги комуницираме со македонската јавност.

На пример една од посериозните забелешки е дека е влошена структурата на јавните  расходи на буџетот на Република Македонија што значи дека капиталните расходи кои што во 2012 година беа достигнале 12 проценти од вкупните расходи сега се сведени на само 6 проценти. Тајната е во тоа што  Владата на Република Македонија предводена од господинот Зоран Заев не може да ги потроши за капитални инвестиции, даноците или средствата од даноци кои што ги собира од македонските граѓани и од македонските претпријатија, на сметка на тоа растат социјалните расходи.

Значи повторува Европската Комисија дава остра забелешка во однос на тоа што значи дека Република Македонија од држава која што треба да произведува вредност да ја мултиплицира вредноста за подобрување на животниот стандард, станува држава во која што се форсира прераспределбата што знаеме од претходниот систем од пред 30 години како завршува, завршува од прераспределба на сиромаштијата.

Понатаму, она што е една од основните економски политики или нешто на кое што се гордее ова влада е таканаречениот Планот за економски раст е едно од најкритикуваните места во врска со механизмот на спроведување на тие политики во Извештајот на Европската Комисија. Имено, таму се укажува дека е транспарентноста речиси никаква и не постои Регистар на претпријатија кои што добиваат помош за да може Комисијата за заштита на конкуренција да ја врши својата работа, да види дали на тој начин се нарушува конкуренцијата на македонскиот пазар, форсирајќи едни претпријатија за сметка на други на пазарот, а критериумите се речиси во голема мера не транспарентни.

Понатаму, се забележува дека се зголемува минималната плата во услови кога нема напредок или нема зголемување на продуктивноста на трудот што влијае во намалување на конкурентската предност или на конкурентноста на македонската економија на светскиот пазар.

И не е за чудење фактот што за последните неколку години кај нас на пример имаме многу мало намалување на јазот со просекот на Европската Унија или на земјите членки на Европската Унија групата од 28 од некаде 34 проценти на доходот во Република Македонија во однос на просекот во 2014 година на само 37 проценти во 2017 година.

Наредно е пофалбата на Владата со фалењето со наводно високиот пораз на индустриското производство од некаде 5, 6 проценти. Европската Комисија тоа може да се забележи укажува на фактот дека овој раст е помал од просекот на изминатите 5 години, значи 2012 – 2017 година оние толку критикувани години од страна на СДСМ во кои што се разбира имаме и политичка криза.

Една од критиките на кои што укажува Европската Комисија за македонската економија е постоењето на неформалната економија, високиот степен на сива економија, за што мислам немаме некој концизен план од страна на Владата за намалување на сивата економија.

На крај, многу се дискутира во јавноста за владеењето на правото, за реформите во правосудниот систем, се разбира тука фокусот е ставен на владеењето  на правото во смисла на политичките процеси во Република Македонија, заштитата на човековите права итн, но Извештајот укажува на еден друг аспект во областа на економијата односно исполнувањето на договорите што е многу важно  во еден економски систем.

Се укажува на тоа дека кога станува збор за извршување на договорите кои што исклучуваат економските субјекти во случаите коа ќе дојде до спор многу тешко доаѓа до правдата и тоа трае бескрајно долго, значи тука речиси нема никаков напредок и ова влијае многу неповолно на бизнисот.

Значи како што кажав на почетокот да заклучам дека во најголем број на подрачија се укажува на многу слабиот прогрес, напредок на Република Македонија во извештајната година на која се осврнува Извештајот на Европската Комисија во областа на економијата.

Поврзани вести