Додека Николовски менува функции, Заев шета по црвени теписи, 4300 хектари земјоделски површини во Овче Поле се два месеци без наводнување

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Додека Љупчо Николовски менува функции, а Зоран Заев шета по црвени теписи, над 4300 хектари земјоделски површини во Овче Поле се два месеци се без наводнување.

Иако сезона за наводнување вообичаено започнува околу 15-ти април, речиси на целото подрачје на територија  на Подружница Овче Поле која го опфаќа регионот од Балван до Каратманово, не може да се испорача вода за наводнување.

Наводнувањето на земјоделските посеви во Овче Поле е неопходно. Доколку нема наводнување  земјоделските приноси значително ќе се намалат, а земјоделското производство ќе стане речиси неисплатливо.

Љупчо Николовски и Зоран Заев мора да одговорат зошто земјоделците во светиниколско два месеци немаат вода за наводнување. Кој ќе ја покрие штетата од намалените приноси а земјоделците ќе претрпат огромни загуби?

Почитувани,

Министерството за земјоделство и Зоран Заев директно удираат по џебот на земјоделецот и го прават земјоделското производство не рентабилно.

Власта во изминативе две години покажа целосна негрижа, некадарност и отсуство на одговорност кон македонските земјоделците. Потребна е голема метла која ќе го измете Зоран Заев и неговата влада.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...