Арсовски: Заев да не молчи и да одговори за неговиот советник Манев дали е кривично гонет за дела поврзани со градежништвото?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Втор ден Зоран Заев молчи и не и кажува на јавноста што го советува неговиот советник Андреј Манев за 40.000 денари месечен надомест?

Втор ден Зоран Заев молчи и не кажува на граѓаните дали Андреј Манев е гонет кривично за дела поврзани токму со градежништвото и урбанизмот, практично секторот за кој што му е советник на актуелниот премиер Зоран Заев?

Зоран Заев треба да каже на граѓаните дали против Андреј Манев во 2012 година била покрената кривична постапка за градење, изведување на градба или вршење надзор без или спротивно на одобрение?

Зоран Заев треба исто така да каже дали неговиот советник и во 2009 година бил дел од кривична постапка во која се гонел за злоупотреба на службената положба и овластување?

Почитувани граѓани,

Да го советуваат Заев експерти, Владата и државата ќе цвета, ама затоа што го советуваат криминалци, затоа и е таква оваа Влада на СДСМ. Обично народот вели со кој си таков си, а Заев околу него е опкружен со советници со сомнителен криминал.

Да потсетиме дека сопругата на Манев е претседател на судот во Куманово каде не се постапува по предметот во кој Заев се товари за поткуп на избори.

Зоран Заев е единствениот премиер кој има советници кои што се гонети кривично и нема намера да ги смени, а ги плаќа со народни пари.

Народните пари се плаќаат на сомнителни советници на Заев и Република Македонија се уште тоне, дали можеби се работи за некакви дилови со нив не знаеме и за истото треба Зоран Заев да каже.

Оваа Влада на СДСМ треба што побрзо да си одат и да ја ослободат државата од овој криминален кошмар.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
<