Томовски:Европската Комисија во извештај нотира дека владата на СДСМ нема никаков напредок на полето на животната средина

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Ивица Томовски

Почитувани,

СДСМ, и Зоран Заев, ветуваа почист воздух и подобра животна средина, а две години немаат мрднато со прст во насока на истото. Европската Комисија во нејзиниот извештај нотира дека владата нема никаков напредок на полето на животната средина.

Европската Комисија нотира дека државата нема административен капацитет на централно и локално ниво и истиот е слаб и недоволен. Од Европската Комисија се нагласува дека нема напредок во однос на донесување на клучните закони кои треба да ја имаат контролата врз животната средина а тоа се инспекцијата и Директивите за одговорност во животната средина, како и Директивата за еколошки криминал.

Квалитетот на амбиенталниот воздухот е една од најголемите критики на Комисијата. Имено во извештајот се вели, цитирам:

“Потребно е да се спроведат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот со обезбедување на ефикасна координација помеѓу централните и локалните власти, и обезбедување на доволни финансиски средства”. А во однос на тоа во какви услови живеaт македонските граѓани јасно се издвојува делот дека, цитирам:  “Во големите градови нивоата на загадување на воздухот се високи”.

Реално за последното и самите граѓани го почувствуваа на своја кожа. Скопје две години по ред е на врвот на листата најзагадени градови во светот. Граѓаните во текот на зимскиот период се гушат, а болниците се преполни.

Критиките на Комисијата се насочени и за управувањето со отпадот, водите и индустриското управување со ризик. Исто така, нема напредок во областа на хемикалии и во делот на цивилната заштита.

Тоа може да го видиме и по се поголемите диви депонии надвор од населените места, кои наликуваат на вистински буништа кои никој не ги чисти.

Почитувани,

Ако по извештајот на Европската Комисија во делот на животната средина, се оценува каков е “животот” во Македонија и владеењето на оваа власт едно е сигурно дека актуелната власт е делегитимирана и дека владее на основа на лажни и манипулативни ветувања како за парламентарните избори од 2016 година, така и за локалните избори во 2017 година. Токму затоа потребна е една огромна метла, како на полето на животната средина, така и на полето на целата влада, почнувајќи од Зоран Заев па надолу.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...