Николоски, Ѓорчев и Муцунски се сретнаа со Хан

Соопштение до јавноста

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ составена од Потпретседaтелот Александар Николоски, Членот на извешниот комитет Влатко Ѓорчев и Меѓународниот секретар Тимчо Муцунски денес во Брисел остварија средба со Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Во текот на средбата Еврокомесарот беше информиран за одличниот резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на одржаните Претседстелски избори. При разговорот со Хан посебно беа нагласни сериозните злоупотреби од страна на институциите и владејачките партии во целиот изборен процес и изборниот инжињеринг кој беше спроведен меѓу двата круга.

Соговорниците се осврнаа на реформската агенда. Беше потцртана улогата на ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициона партија. Високо беше отценет придонесот на ВМРО ДПМНЕ во подобрувањето на неколку реформиски закони во Собранието. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека Владата нема капацитет да испорача остварливи резултати. Посебно беа ноторани слабостите во борбата против корупцијата, реформата на правосудството и економијата.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре