Шилегов не ги подобри условите за велосипедистите, скопјани се уште чекаат да отпочне проектот Скопје – Вело-Град

Интегрален текст од изјава за медиуми на Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денес на Светскиот ден на велосипедизмот, Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го искористи денот за групно возење на велосипеди. Ги поздравуваме сите граѓани кои на било каков начин го користат велосипедот и апелираме до нашите сограѓани за поголема употреба на велосипедите во секојдневното функционирање.

Свеста на граѓаните на Скопје е на високо ниво, за тоа говори и фактот што бројот на велосипедисти се зголемува, како и непрестајното инсистирање на граѓаните по улиците на Скопје да протестираат возејќи велосипед. За многумина велосипедот не е само за рекреација, туку претставува и превозно средство.

Тука сме денес и да потсетиме на лажните ветувања на градоначалникот Петре Шилегов, кој пред речиси две години вети дека врвен приоритет ќе му биде да го направи Скопје велосипедски град. Ветуваше вело патеки, вело паркинзи и соодветна сигнализација за истите. Вети дека проектот Скопје – Вело-Град ќе биде приоритет на градот. Но, веќе две години скопјани се уште чекаат да отпочне стратегијата за велосипедскиот град.

Нема подобри услови за велосипедистите, и нема ништо од планот Скопје да стане европска зелена престолнина.

Вистинската метла за Петре Шилегов нема да биде од неговиот партиски шеф, туку од граѓаните, кои се излажани. На Скопје му треба градоначалник кој ќе работи, ќе реализира проекти и ќе го унапредува велосипедизмот со што ова превозно средство ќе биде многу подостапно за користење на сите граѓани, а со тоа и скопјани ќе добијат поздрава животна средина, но Скопје таков градоначалник нема.

 

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...