Република Македонија со Заев и СДСМ уназадува, две години неработа, расипништво, безидејност и распродавање на државните интереси

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев и СДСМ денеска ја почнуваат третата година од нивното вледеење. Две години поминаа во неработа, расипништво, безидејност и распродавање на државните интереси. Две години Република Македонија уназадува.

Долгот е зголемен за нови над половина милијарда евра. За првпат во историја јавниот долг надмина фрапантни 50% од БДП.

Потрошени се над 9 милијарди на име буџет, а ништо не е направено. Оваа и претходната година државата ги има најголемите буџети до сега, а граѓаните не чувствуваат позитивна промена, напротив тонеме.

Инфраструктурните проекти кои ги ветија не само што не се реализирани, туку и тие кои што беа оставени од ВМРО-ДПМНЕ не се пуштени во употреба. Имено нема 600 километри нов автопат, ниту пак 550 километри магистрални патишта, но не е пуштен во употреба ни автопатот Миладиновци – Штип, кој беше оставен од ВМРО-ДПМНЕ.

Економијата е оценета со 0 од страна на германските стопанственици, а последиците веќе се гледаат по висината на странските инвестиции, која во првиот квартал годинава е за десет пати помала од првиот квартал минатата година.

Јавниот сектор е претворен во дувло на непотизам. Пракса стана функционерите да си ги вработуваат роднините во јавната администрација, имавме неколку формални повлекувања, но поголемиот број останаа нечепнати.

Немаме никаква грижа во делот на социјалната заштита и заштитата на работниците.

Здравството ни е дно, луѓе се лекуваат со смс пораки, лекови нема во аптеките, а власта ветуваше бесплатно здравство и подобри услови. Ништо од тоа нема.

Се ветуваа итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, а  две  години по ред Скопје се гуши и е на врвот на светските листи со загаден воздух. Повторно ќе дојде зима и Скопје ќе биде најзагаден град во светот.

Безбедноста е намалена, убиствата и грабежите ни станаа секојдневие, запалените автомобили се како декор на улиците.

Војската е сведена на предмет за потсмев, војниците имаат стара опрема, а касарните ќе ни ги чува приватна агенција за обезбедување, да не беше трагично ќе беше смешно.

Министерството за култура се користеше како средство за финансирање не само не културни здруженија, скандалите со грантовите од министерството за култура ја потресоа целата културна фела.

Правосудниот систем е заробен, Рускоска обвинителството обвинува, а Кацарска судството пресудува. Пресудите се носат по диктат,  а не врз основа на право.

Образовниот систем е дерогиран, немаме напредок на ниедно поле, немаме нови школи, сали, ниту пак нова опрема.

Земјоделието е безперспектива, нема откуп, а кога го има цените се очајно ниски, како резултат на тоа гледаме се попразни села и непосеани ниви.

И така можеме да редиме уште многу. Граѓаните ова го чувствуваат секој ден. Нема напредок, нема просперитет. Со оваа власт само назадуваме. Потребна е метла, но за целата влада, почнувајќи од Зоран Заев па надоле. Граѓаните ќе ја изметат оваа влада на следните избори.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...