Зоран Заев и Кочо Анѓушев се патолошки лажговци!

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Кочо Анѓушев

„Таа дупка не е дупка“ е основната поента на прес конференцијата што ја одржа Кочо Анѓушев. Анѓушев по налог на Заев повторно се обидуваат да ја измамат јавноста со презентирање поинаква состојба со странските директни инвестиции.

Зоран Заев и Кочо Анѓушев се патолошки лажговци. Друго образложение за апсурдниот настап нема.

Денес Кочо Анѓушев ја манипулираше македонската јавност. Тој ја оспорува методологијата на НБРМ и од тековите по основ на Странски директни инвестиции ги исклучува должничките инструменти, нешто што никогаш не се правело, дури ни на претходните прес конференции држени од него.

Зошто Анѓушев не призна дека заедно со Заев лажеле за 2018 година и не објави дека странските директни инвестиции во 2018 година не изнесуваат 624 милиони евра туку 395 милиони евра, доколку се исклучат должничките текови.

Измамниците Заев и Анѓушев ги презентираат податоците мислејќи дека никој не разбира што прават.

Доколку Заев и Анѓушев не знаат да читаат и не ги разбираат извештаите, нека ангажираат некој што ќе им го протолкува и извештајот на ЕК во кој што има зачуденост од ниската реализација на капиталните инвестиции, потфрлањето во растот и расфрлањето со парите на граѓаните.

Со секој ден на Заев и Анѓушев во владата во Македонија се живее се потешко. Време е измамниците да се изметат.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...