Мицкоски до Анѓушев: Не трудете се да го задоволите претпоставениот секогаш, затоа што на крајот достоинството нема цена

Почитуван професоре Анѓушев, во принцип немаше да реагирам на навредите од денешната Ваша прес конференција, бидејќи сепак како постар професор имам почитување кое не се стекнува во политиката туку во онаа друга средина каде јас и Вие заедно едуцираме млади луѓе, оние млади луѓе, наши студенти кои веднаш после дипломирањето одлучуваат за карта во еден правец. Не сакам неуспехот од минатото на ова поле да го амнестирам, но денешната реалност за жал е многу, многу повеќе алармантна, неповратна штета и загуба за сите, стои во реакцијата на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на изјавата на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Никако професоре тие да ги препознаат Вашите владини “успеси” од епски досега невидени размери за кои Вие и (се надевам не сте сличен 102,5% на вашиот претпоставен, оној истиот се сеќавате 1€ за 1€ политичар, живи луѓе што јадеше, јас Ве паметам како многу поразличен човек) премиерот зборувате, туку сосема спротивно…., не сакав вака јавно, но и да Ви напишам лична порака секако тие што треба да ја прочитаат ќе ја прочитаат, па затоа вака јавно да не се мачат 🙂Нема да должам многу, како помлад колега (но можеби за некои работи поискусен) прифатете критика, па дури и да е негативна како оваа, не трудете се да го задоволите претпоставениот секогаш, затоа што на крајот достоинството нема цена.“

-Ве познавам подолго од вашата политичка кариера, и кога би се сретнале би Ве советувал да не ги прифаќате улогите кои ви ги дава претпоставениот, затоа што не ви се природни со вашиот карактер и личност, барем не со онаа која што јас ја познавав до пред вашето влегување во политика. Вие сте именуван функционер, а нас не бираат граѓаните, ајде за нив да сториме нешто, за нашите студенти, ајде да покажеме дека Македонија може поинаку и заслужува поинаку. Заборавете на обожавателите кои Ве убедуваат … браво шефе…, најдобри сте, можеби на краток рок ќе Ви се допадне, но размислете за иднината на Република Македонија (се сеќавате се надевам, не сте ја заборавиле, бидејќи јас никогаш нема да ја заборавам и ќе се борам/работам само за неа). А на кратко околу самата суштина, Вие немате проблем со мене туку со неуспесите, кои во овој случај се викаат очајни 21.6 милиони евра странски инвестиции за цели 3 месеци, подвлекува Мицкоски

Потенцира дека тоа се бројки и факти од официјална институција.

„И Ве молам кога ќе го прочитате ова не ги слушајте тие кои ќе Ви советуваат одговор со реминисценција на Никола Груевски. Од утре започнува третата година како сте Потпретседател на владата, заедно со Вашиот претпоставен Претседател, и за жал професоре не успеавте, тажно но вистинито…, одбројува часовникот, ќе слушнете и погледате многу лоши работи што се случија, а Вие можеби не сте знаеле, познавајќи Ве можеби и ќе се засрамите што имавте таков претпоставен неколку години од Вашиот живот, (затоа што веќе народот се срами одамна од овој човек) но не очајувајте не е толку лошо кога ученикот ќе биде подобар од професорот, бидејќи на крајот од денот, Македонија е пред и над се.“, реагира Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...