Мицевски до Локвенец: Автопат кој што како капитална инвестиција е изграден пред две години се уште не можете да го пуштите

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во телевизиското гостување на 24 Телевизија со пратеникот Хари Локвенец, истакна дека владата веќе е тема на потсмев во Источна Македонија, авотпатот кој што како капитална инвестиција е изграден пред две години, сеуште не може да се пушти, а денот Д беше пред два дена.

Тој вели дека народот веќе со иронија ги гледа овие работи, не може да се постави ограда на 8 километри пат кој што е завршен во време на превземањето на власта, а дел од оградата е веќе украдена, време е власта да почне да работи.

Во однос на Извештајот на ЕК, а во делот на праводуството Мицевски истакна дека во Македонија сеуште има високи политичари кои предвреме ги знаат и ги кажуваат обвиненијата и казните кои ќе следуваат во државата, тоа не е ни најмалку случајно вели тој.

-Господине Локвенец изгледа делот од Извештајот од ЕК во однос на правосудството не го имате прочитано. Нам најголемите забелешки ни се во делот на правосудството и економијата. Доследна непримена на принципот на заслуги, голем број заменици беа воведени без критериуми за заслуги, треба да се интензивираат напорите на властите да покажат дека борбата против корупцијата е национален приоритет на сите нивоа на моќ, вели Мицевски.

Координаторот обвини дека ние немаме завршница на процесите и случаите во антикорупциска, каде градоначалник фатен во криминал завршува со условна казна, за тоа не можеме да зборуваме за некакво развластие во Македонија.

Поврзани вести