Заев и Тевдовски треба да одговорат каде завршуваат милионите кои секој месец ги земаат

Соопштение до јавноста

Зоран Заев ги задолжува македонските граѓани по 2,5 милиони евра секој ден. И празник и делник Зоран Заев зема едно ипол евро, кое ќе треба да го враќа секој жител на Македонија.

И бебињата и пензионерите и вработените и невработените, буквално секој поединец ќе треба да враќа по приближно 20 евра. Од почетокот на годината до сега толку Заев го има задолжено секој човек поединечно. Едно четиричлено семејство има за враќање неверојатни 800 евра.

Зоран Заев и Драган Тевдовски вчера повторно ја задолжија државата, овој пат за 40 милиони евра.

Не поминува месец, а власта да не земе заем. Се земаат милиони кои треба да ги враќаат идните генерации, а притоа ништо не се прави, нема инвестиции, нема проекти.

Задолжувањето е единствено оправдано кога со него се финансираат капитални проекти. Во Македонија под СДСМ капитални проекти нема. Имаме само стагнација.

Заев и Тевдовски треба да одговорат каде завршуваат милионите кои секој месец ги земаат?

Дали државата ја задолжуваат за да ги плаќаат вработувањата на роднините на функционерите кои ги вработија во јавниот сектор? Или можеби одат за тендери кои ги добиваат фирми блиски до власта?

Откако СДСМ ја води државата долгот се зголемува. Над половина милијарда евра е новиот долг на државата. А притоа нема ништо изградено.

Како тргнале бројчаникот за задолжување наскоро ќе прегрее.

Заев и Тевдовски буквално ја туркаат државата кон сиромаштија.

Метлата која што ја најави Заев треба да ги измете и него и Тевдовски. Во спротивно штетите по буџетот ќе бидат огромни.

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...