Жугиќ: Шилегов да се извини за говорот на омраза, во спротива ќе поведеме постапка пред институциите

Интегрален текст од изјава на Јелена Жугиќ

 

Почитувани,

 

Петре Шилегов е олицетворение на целата некултура на СДСМ. Деновиве Шилегов од позиција на градоначалник на град Скопје јавно искажа говор на  омраза и нетолерантност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното членство.

 

Нервозата на Шилегов е очигледна,  но навредите нема да ја сокријат неговата неработа и неспособност да ги решава  проблемите на скопјани.

 

Од тоа што Шилегов не е веќе потпретседател на СДСМ, скопјани не добиваат апсолутно ништо. За да му тргне на Скопје, Шилегов треба да си поднесе оставка од градоначалник.

 

Поистоветувањето на ВМРО-ДПМНЕ со зборовите простотилук и фашизам, се тешки квалификации за кои Шилегов мора да се извини, ова е последно предупредување пред поведување на  постапка против него пред надлежните институции.

 

Скопје година и 7 месеци не виде ниту еден проект, ниту инвестиција. Во Скопје година и 7 месеци не се гради ама баш ништо. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје, единствено што знае и прави е ширење на говор на омраза.

 

На скопјани им е преку глава од примитивизмот на Шилегов. Очигледно е дека освен говор на омраза и навреди Шилегов не знае за друго. Токму затоа наместо да се нарекува градоначалник и да не знае што прави треба да си поднесе оставка од градоначалничката функција и тоа час поскоро.

 

Шилегов треба да си поднесе оставка  затоа што и во неговата партија велат дека тој е неспособен. Не може Шилегов да е неспособен за партијата, а да е добар за град Скопје.

 

Скопјани се незадоволни од работата на градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот на СДСМ, токму затоа оставка мора да поднесе оставка и тоа веднаш.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...