Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со романскиот амбасадор, Виорел Станила

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Амбасадорот на Романија во Република Македонија, Виорел Станила.

На  средбата беше разговарано за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформските процеси кои се од големо значење за државата.

Претседателот Мицкоски изрази голема загриженост за лошата економската состојба во која се наоѓаат граѓаните  и посочи дека поради неспособноста на актуелната влада на Зоран Заев и СДСМ да обезбеди економски раст и капитални инвестиции, граѓаните на Република Македонија живеат во сиромаштија.

Имаме работа со влада која работи преку измами, затоа граѓаните се чувствуваат разочарани од општествено политичката состојба, истакна Мицкоски кој посочи дека отсуствуваат и клучните реформи значајни за европската агенда на земјава.

Мицкоски и Станила разменија мислења за натамошно унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка меѓу двете држави кои што се од взаемен интерес.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...