Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев спроведе внатрепартиска чистка само за да си ја осигура партиската позиција.

Заев знае дека заминува во длабока опозиција. Токму затоа и ги разрешува сите кои можат да му бидат опоненти во СДСМ.

Зоран Заев наоѓа вина во сите, само не во него. Дополнително разрешувањето од партиските функции не ги решава проблемите на граѓаните.  Граѓаните се незадоволни од власта, а не од луѓе кои вршат партиски функции на партијата.

Доколку Заев не ги разреши од државните функции целата јавност ќе види дека метлата е фарса за одвлекување на вниманието од реалноста која е сега моментално во државата.

Под итно потребна е целосна одговорност. Назадувањето на државата не се решава само со смена на луѓе со партиски функции, потребна е колективна оставка на целата влада, на чело со Зоран Заев.

 

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...