Пемова: Метлата може да биде успешна ако Заев го следи примерот на Ципрас и распише предвремени избори

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова во гостувањето на Само Вистина на Канал 5 телевизија истакна дека метлата на Заев може да биде успешна доколку почне од него и самиот тој си даде оставка, и го следи примерот на Ципрас да распише предвремени избори за да почнат промените во државата.

Пемова нагласи дека вчерашните оставки во раководството на СДС се само фарса и замајување на јавноста после лошиот резултат на претседателските избори, додека истата може да и донесе добро на Република Македонија само ако Заев го следи примерот на Ципрас и распише предвремени парламентарни избори

Метлата може да биде успешна ако почне од премиерот, Зоран Заев, тогаш можеби нешто ќе се смени во државата и сметам дека добро би било кога би го следел примерот на неговиот пријател Ципрас кој што вчера по неуспехот си поднесе оставка и распише предвремени избори. Метлата може да помогне во тој случај кога за целиот неуспех ќе си даде првиот човек оставка а потоа оставка на цела влада и нови предвремени избори, потенцираше Пемова.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...