Мицкоски: Нема напредок додека власта носи уништување, стимулира лукративност, и подигнува ѕидови на поделби

Неправдата, лошиот стандард, сиромаштијата се работи кои се заеднички за луѓето од сите вери, заедници, државјани на нашата Македонија. Нема напредок додека власта носи уништување, стимулира лукративност, и подигнува ѕидови на поделби, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по вечерашната ифтарска вечера која ја организираше ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски потенцира дека сите луѓе ги мачат истите прашања, егизстенцијата, несигурноста и украдената иднина.

„А одговорот на ова не е ниту онаа изглумена метла која треба да го амнестира од одговорност оној кој ја доведе државата до работ, туку потребна е промена и обнова која вистински ќе не придвижи кон ЕУ, ќе обезбеди иднина, стандард, ќе донесе успеси. Романтизмот на власта со која се додворува до одредени заедници, не е замена за вистинските решенија на проблемите кои ги имаат овие граѓани.“

Со задоволство присуствував на Ифтарската вечера која ВМРО-ДПМНЕ ја организираше во Скопје за граѓаните од Исламска вероисповед во пресрет на празникот Рамазан Бајрам. Дискутиравме за заедничките реални проблеми, за соживотот, за иднината која сега е загрозена, за напредокот кој и е потребен на земјата. Да ги шириме вредностите на меѓусебното почитување, толеранција и соживот, периодот на пост, да носи среќа и радост, заеднички да се избориме за подобра Македонија!, додава Мицкоски.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...