Власта реално да се грижеше за социјално ранливите категории немаше сиромаштијата да достигне до 500.000 граѓани во Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Откако Заев е на власт стапката на сиромаштија секојдневно расте.

Над 500 илјади граѓани во Република Македонија се сиромашни. Токму овој податок говори колку реално владата на СДСМ се залага за социјално ранливите категории на граѓани.

Пратениците од пратеничката група на СДСМ не ги прифатија амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со кои реално ќе им се помогнеше на најзагрозените семејства во државата.

Владата на СДСМ не прифати домаќинства кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел  од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.

СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.

Заев и неговата влада не прифати да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.

Власта реално да се грижеше за социјално ранливите категории немаше сиромаштијата да достигне до 500.000 граѓани во Македонија. Заев да сакаше да помогне немаше да ги скрати сите мерки кои се од корист на граѓаните, а донесени во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на Зоран Заев ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните и ќе се стави крај на сето ова што го прават.

 

 Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...