Македонија пропаѓа од денот кога Зоран Заев седна на премиерската фотелја

Соопштение до јавноста

Доколку е блескање да се биде најкорумпирана земја во Европа и да се сјае како Свазиленд, такво блескање на Македонија не и треба. Да бидеш на 105-то место на листата на Транспаренси и да лажеш дека блескаш или имаш криминално извртен систем на вредности или страшно го потценуваш и навредуваш народот.

Доколку е блескање преку една четвртина од граните да живеат под прагот на сиромаштија, а да се зголемуваат даноците и да се носи најголем буџет, такво блескање на Македонија не и треба. Само измамник и криминалец може да тврди дека Македонија блеска со најниски плати во регионот, најмалку странски инцестиции, најнизок раст и без да се реализација на капитални проекти.

Македонија не блеска. Македонија пропаѓа од денот кога Зоран Заев седна на премиерската фотелја. Нема крај на понижувањата и омаловажувањата кои Зоран Заев и СДСМ му ги сервираат на македонскиот народ и држава.

Аболицираниот Заев и неговата криминална банда  за само две и половина години успеаја да ја опустошат македонската економија, да го руинираат македонското здравство, да го клекнат на колена македонскиот образовен систем. Буквално ја уназадија државата на сите полиња.

Зоран Заев ја промовира нашата држава како успешна приказна, држава во која 21 век владее епидемија на морбили паралелно со епидемијата на непотизам, корупција и криминал.

Народните пари служат за исплата на партиските потрчковци преку разни криминални тендери и грантови. Ова не се случува во една држава која блеска.

Македонија во која е укината правната држава, нема владеење на правото, а Рускоска обвинителството и Кацарска судството спроведуваат политички прогон не може да блеска.

Македонија ќе заблеска моментот кога Зоран Заев ќе си замине од политичката сцена. Само кога Зоран Заев ќе стане од премиерската фотелја, само тогаш Македонија ќе се врати на правиот пат и ќе добие шанса навистина повторно да заблеска.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...