Правната држава престана да постои откако СДСМ дојде на власт

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Правната држава престана да постои откако СДСМ дојде на власт.

Правната држава во Македонија СДСМ ја укина, граѓаните веќе не се еднакви пред законите. За функционерите од власта истите закони не важат.

Обид за замајување на јавноста со единствена цел народот да го занемари фактот дека до обвинителството се уште не допре гласот, за тоа како Богоевски порачува нелегална психотропна супстанца.

Оставката на Павле Богоевски која е класичен пример на манипулација на граѓаните не го затскрива сторениот енормен криминал на Зоран Заев.

Наместо само оставка, Павле Богоевски треба да одговара пред законот. Вистинската казна треба да стигне преку правосудните органи и непречено одвивање на кривичната постапка.

Богоевски докажа дека неговото место не е во политиката исто како и на неговиот ментор Заев. Местото на Богоевски е во некоја казнено поправна установа, каде друштво ќе му прави Зоран Заев, кој исто така ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава.

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...