Заев заедно со неговиот владин тим покажа целосна негрижа за културното и природно наследство во Охрид

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Димче Арсовски

Владата на СДСМ нема слух за културното наследство на Република Македонија.

Зоран Заев заедно со неговиот владин тим покажа целосна негрижа за културното и природно наследство во Охрид. Охрид, ризикува да биде избришан од УНЕСКО поради бизнис и политички интереси на власта на Зоран Заев и СДСМ.

Во Охрид се гради кај што ќе се стигне без план и без легална постапка, а тоа го гледаат и сите граѓани во Република Македонија, не само жителите на град Охрид.

Изминатите неколку месеци Зоран Заев манипулираше со граѓаните на Охрид  за изградбата на 32 метри високото минаре на Али Пашината Џамија која е споменик на културата. Оваа изградба се врши спротивно на прописите и го загрозува овој објект кој е споменик на културата и таа со месеци никој не ја стопира иако се алармира.

Во стара охридска чаршија до чинарот се гради дива тераса и сето тоа се толерира од власта само заради партиските интереси.

Опасноста од бришење на Охрид од листата на УНЕСКО ќе биде само поради вината на Заев, негрижа на надлежните институции, и  непреземање на соодветни мерки кои што се препорачани од страна на УНЕСКО.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...