Оставката на Богоевски е лажно продавање на морал и обид да се избегне кривична одговорност

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Оставката на Павле Богоевски е лажно продавање на морал и обид да се избегне кривична одговорност.

Денеска граѓаните беа сведоци на лажно продавање на морал од луѓе како Павле Богоевски, кој беше фатен како вршел кривични дела додека ја извршувал пратеничката функција. Неговата оставка не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминалот, тој мора да сноси кривична одговорност за трговија на нарко-пазарот.

Павле Богоевски и тие кои го бранеа мора да одговорат со кои дилери комуницирал наместо да ја замајуваат јавноста со приказни за таксисти.

Граѓаните очекуваат оставка и од Зоран Заев кој беше фатен жив неколку пати во тежок криминал, а ниту еднаш не одговараше. Пример за тоа е и „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“.

Зоран Заев треба да знае дека ништо не е вечно па така и неговите матни зделки, тендери и бизниси за кои треба да одговара. Ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните, денот кога ќе се стави крај на Кацарска судството и Рускоска обвинителството, кога во Македонија ќе се врати правдата и правната држава.

 Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...