Мицкоски од Македонски Брод: Изманикот којшто е носител и којшто треба да биде носител на операцијата „метла“ е Зоран Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод , каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

– Денеска гледаме дека деспотот ќе ги распушти сите општински комитети, но не кажа што понатаму, а притоа заборава да каже дека општинските комитети не се виновни за тоашто тој се колнеше во дедовината, таковината, се колнеше во најмилото, дека нема да го направи тоашто го направи кога тргуваше со идентитетот на нацијата, со идентитетот на државата, рече претседателот од Македонски Брод.

Тој поочи дека СДСМ и Заев од опозиција ветуваа шестотини километри автопат, а денеска граѓаните се сведоци дека и она што го наследија од владата на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го пуштата во употреба, иако поминаа две години откако Зоран Заев е на власта.

-Македонски Брод е  место каде луѓето можеби најсилно ја живеат сиромаштијата и уништената песпектива која оваа власт ја донесе и продолжува да ја носи за секој еден човек. Нема ниту една нова инвестиција, нема ниту нешто што може да се протолкува како проект или мерка со која ќе им се помогне на граѓаните. Овде луѓето не се ни надеваат на ветените 500 евра просечна плата, во Македонски Брод борбата е да се стигне до било каква плата. А и оние 500 евра кои јавно премиерот Заев ги ветуваше се измама. Исто како што се измама и ветените 1500 евра плата за лекарите, субвенциите за земјоделците, враќањето на младите во државата, истакана петседателот Мицкоски.

Мицкоски од Македонски Брод порача дека изманикот којшто е носител и којшто треба  да биде носител на операцијата „метла“ е Зоран Заев.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре