СДСМ го уништи Охрид и му го загрози статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО

Соопштение до јавноста

СДСМ го уништи Охрид и му го загрози статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО.  За Зоран Заев и СДСМ поважни се матните бизнис зделки отколку културното и природно наследство на Република Македонија.

Како резултат на негрижата и неспособноста на СДСМ, Охрид за прв пат од 1979 година ќе биде ставен на листата на загрозено светско културно наследство и ќе се најде во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбекистан.

УНЕСКО во најновиот извештај констатира дека подрачјето на Охрид продолжува да биде погодено од неконтролиран  урбан развој, несоодветно урбано развивање како и експлоатација на брегот.  Во извештајот стои и дека во последниот период во Охрид има  зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина.

За неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ за заштита на културното наследство говори и фактот дека не се реализирани повеќето од половина од 19-те забелешки на реактивната мисија на УНЕСКО.

СДСМ додека беше опозиција  ветуваше грижа за културното наследство и средување на урбаниот хаос во Охрид, но откако дојде на власт го направи спротивното. Ветуваа попис на дивоградби и нивно рушење, а се што направија беше легализација и откочување на изградбата на запрените двоградби.

СДСМ остана глува на сите предупредувања на експертската јавност, екологистите и на УНЕСКО кои укажуваа на девастацијата и узурпација на Охрид и неговата околина.

Очигледно е дека бизнис интересите на функционерите од власта се поважни од заштитата на Охрид и културното и природно наследство на Република Македонија.

Скандалите на СДСМ во областа на културата растат од ден на ден. СДСМ докажа дека нема интерес да се грижи ниту за културата, традицијата и наследството на Република Македонија.

Државата и Охрид не заслужуваат ваква неспособна и криминална власт чиј единствен интерес е како побрзо да се збогатат.  Токму затоа СДСМ мора да си замине.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...