Реформите во областа на безбедноста и разузнувањето се еден од клучните приоритети на Република Македонија за наше членство во Европската Унија и НАТО, од една страна, а од друга страна се неопходност за градење на ефикасни институции кои ќе бидат во функцијна на државата и граѓаните, истакна Емил Димитриев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Во однос на двата закони кои што се предложени, законот за трансформација на УБК во нова Агенција за национална безбедност и законот за координација на безбедносно- разузнавачката заедница, ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период имаше проактивен и конструктивен пристап. Во целиот процес на негово носење и на двата закони ние бевме вклучени со наши предлози и идеи секако имајќи ги во предвид размислувањата на експерите и стручната јавност, но и имајќи ги во предвид и досегашното минато искуство од функцинирањето на овие две институции. Резултат од тој наш однос се усвоени над 60 амандмани од кои најголемиот дел се по предлог на опозицијата, односно на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе набројам неколку области кои што се изменети во однос на првичниот текст. Првата област која што сакам да ја напомена и која е логично да биде прва за нас како пратеници, а тоа е јакнењето на парламентарниот надзор врз новата Агенција за национална безбедност. Повеќе за Собранието преку совето надзорно тело нема да постојат тајни фондови кои што ќе бидат недостапни за контрола и за надзор. Со усвоените амандмани тајните фонодви на управата за безбедност и контраразузнавање ги ставаме на увид на надзорното тело. Исто така и целокупното финансиски работење на новата агенција ќе биде предмет на наконтрола на надзорото работно тело, вели тој.

Во однос на јакнењето на надзорот од страна на Собранието е тоа што раководителот на внатрешната контрола на новата агенција за национална безбедност ќе биде именуван на предлог на директорот меѓутоа соодветно на добиена согласнот од надзорното тело во Собранието.

-Ова е предлог затоа што сметаме дека радководителот на внатрешната контрола треба да биде човек со многу силен интегритет и професионален однос да не зависи од тој што го именува. Исто така постоеа многу алинеи кои што значително во првата верзија влијаеа да се намали полето на контрола од страна на Собранието така да со нашите амандмани тие аномалии ги избришавме ќе напоменам неколку. Тоа се предлозите да Собранието не може да го контолира начинот за собирањето на таквите податоци сега тоа нема да стои во законот ќе има право собраниската комисија да има увид во начинот на собирање на податоци. Дополнително постоеше алинеја многу силно го загрзуваше парламентарниот надзор кое што гласаше акции кои што се во тек многу општа алинеја и која што сериозно ќе го загрозеше надзорот, таа алинеја ја избришавме. На еден начин ги остранивме сите можности кои што го лимитираа Собранието да врши надзор. Следна област која сакам да ја напоменам е подобрување на човековите права во областа на на процесот на селекција и екипирање на новата агенција. Така што во делот на безбедностите проверки кои што ќе бидат неопходни за вработување на новите кадри на агенцијата, вградивме механизам кои што дава втора шанса. Значи секој кандидат кој што при првата безбедносна проверка ќе се констатира дека постои безбедносен ризик има право во рок од 48 часа да побара повторена постапка, во однос на повторената постапка ќе бидат стручни нови лица, значи нема да ја прават таа  постапка истите лица од претходната постапка. Ако повторената постапка утврди дека кадниднатот ги иполнува услвите за ангажирање тој автоматски се вработува. Доколку и при повторената постапка се увиди дека кандидатот не може да добие безбедноста дозвола тогаш на тие лица кои што ги послнвуаат сите други законски обврски да работат им се дава шанса да бидат вработени во друг државен орган согласно нивните квалификации, истакна Димитриев.

Една од клучните области на кои што обрнавме внимание е тоа што вметнувавме механизме секаде каде што се споменување кадровската политика за спречување на судир на интереси.

-Особено се обрна внимание при именување на раководните стуктури да се води сметка да не постои судир на интереси или пак покрента постапка за посотење на судир на интереси. Прецизно го дефиниравме и начинот за прибирање на тајни податоци што сметаме дека една од главните работи на овие институции и за прв пат во историјата на фукнционирањето на нашите служби воведуваме задолжително полиграфско тестирање за вработените, по приемрот на многу земји од НАТО и ЕУ полиграфот ќе биде нешто кое ниеден вработен во агенцијата не може да го одбие зако за тоа добие налог од раководната структура. Сметаме дека вкрстенот полиграф со психолошко теситрање значително ќе влијае на кредибилитетот на самите вработени. Во делот на закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница наш главен фокус беше да интервенирам ова тело кое што ќе го раководи премиерот да не биде парлалено тело на националниот совет за безбедност. Во првчниот текст беа ставени ингеренции кои што оде во прилог да се направи паралелизам во помеѓу овие два органа. Беа ставен алинеи кои што гласеа дека разгледува и одлучува за стратешки работи, значи се што се однесуваше во водење на стратешка улога ние го тргнавме и го сведовме исклучиво на оперативно ниво односно на ниво на координација. Сетот на амандмани во овој закон се во таа насока од друга страна ова координатвно тело го обврзавме да дава информации и да спроведува одлуки и од страна на претседателот и од националниот совет за безбедност кој што го води претседателот. Генерално нашт став е дека реформата во безбедносниот сектор можеше да се води на многу поквалитетен и порационален и сопфатен начин, со тоа што ќе ги сработевме сите закони кои што ја тангираат оваа сфера. Ние денеска веројанто ќе усвоиме два закони од оваа област меѓутоа имаме постигнато договор со СДСМ дека во наредниот период ќе ги донесеме законите за национален совет за безбедност и новиот закон за агенцијата за разузнавање. Зошто зборувам за сеопфатен пристап во реформите во безбедноста, нелогично е денес да се донесе законот за координација на институциите од областа на безбедноста, а да не ги донесеме матичните закони кои што ја регулираат сферата на безбедноста. Ние се надеваме дека роковите ќе бидат оптимални и дека во еден оптимален период овие закони кои што ги напоменав и кои што треба да ги донесеме ќе фатат чекор со денешните закони кои што ќе бидат усвоени, порача Димитриев.