Мицкоски од Карпош: Заев ги излажа граѓаните за намалувањето на ДДВ за топлинските услуги

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

-Бев во Карпош. Луѓето се разочарани. Се докажува лажната матрица на власта и измамите кои ги прави Зоран Заев. Пред изборите за да ја добијат довербата од граѓаните во 1-вата и дел од 2-рата изборна единица во делот на Гази Баба ветуваа намалување на цените на парното. По изборите се покажува дека далеку сме од тоа ветување, односно дека лажеле за ова, истакна претседателот Мицкоски.

Тој рече дека предлог законот кој е поднесен во собраниска процедура за измени на даноците и е пред второ читање никаде не предвидува намалување на ддв-то за топлински услуги од 18 на 5%.

-Стапката на ДДВ за затоплување  на сметките коишто ги добиваме за затоплување дома си останува иста и е 18% и не е намалена на 5%, потенцираше Мицкоски.

Тој од Карпош порача дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман  за намалување на оваа стапка онака како што беше ветена на сметките за затоплување коишто ги добиваат граѓаните од 18 на 5%.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...