Благодарение на негрижата и неспособноста на власта Охрид ќе се најде на листата на светско културно наследство во опасност

Интегрален текст од изјава за медиуми на Магдалена Манаскова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Почитувани,

Охрид за прв пат откако е впишан како заштитено подрачја од УНЕСКО во 1979 година, ќе се најде на листата на светско културно наследство во опасност, благодарение на неспособноста и негрижата на власта за културното и природното наследство во целина.

Овој поразителен податок се наоѓа во најновиот извештај на УНЕСКО што ќе се разгледува на  43 сесија на Собранието на УНЕСКО кое ќе се одржи на 10 јули во Баку, а е објавен вчера. Охрид согласно овој извештај, во Баку ќе биде ставен на листата на загрозено светско културно наследство.

Овој срамен податок за Охрид е резултат на несоодветната културна политика и огромна негрижа за единственото подрачје во Македонија заштитено од УНЕСКО.

Власта не спроведе во целост најголем дел од препораките на ретроактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година.

Затоа, согласно ченовите 177, 179 и 180 од правилникот на УНЕСКО, Охрид ќе биде впишан на листата како  загрозено светско наследство во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбехистан.

Во извештајот УНЕСКО забележува дека подрачјето останува погодено од несоодветна градба со несоодветно урбано развивање и експлоатација на брегот, зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој.

Едно од ветувањата на власта, воедно и препорака на УНЕСКО, беше дека во најскоро време ќе се направи попис на дивоградбите и нивно рушење. Но, се покажа дека бизнис интересите се повисоко на листата на приоритети од заштитата на Охрид.

Дополнително власта не успеа да ги спроведе ниту заклучоците кои што произлегоа од надзорната расасправа која што се одржа во Собранието, на тема состојбата со охридскиот регион, и успеа да го девалвира и највисокиот контролен механизам на државата.

Охрид е едиствено место од нашта држава кое е впишано во листата на заштитени светски културни и природни наследства уште во 1979 година и за прв пат е загроезено.

Очигледно дека оваа власт нема ниту капацитет ниту знаење во областа на културата. Ова е уште еден од низата на скандали поврзано со Министерството за култура и на Владата.

Почитувани,

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предупредува и апелира веднаш да се формира кризен штаб за итно постапување по препораките на УНЕСКО.

Според изештајот, подрачјето се соочува со неповратна трансфорамција на цекупната поврзаност помеѓу историскиот дел од градот, архелошките локалитети, придоното опкружување и самото езеро, што може да се надмине само со големи промени во управувањет, менаџирањето, планирањето и конзервацијата.

Бидејќи власта се покажа како непособна да се справи со проблемот, ние се ставаме на располагање со сите свои капацитети да се вклучиме и да го спасиме ОХРИД.

Како Пратеничка група согласно заклучоците 9 и 10 од одржаната надзорна расправа бараме свикување на итна седница на Комисијата за култура на која што ке дискутираме за овој проблем.

Поврзани вести