Павле, нека не те местат таксистите дека наводно си нарачувал пола грам кокаин кога може си мислел и на прашак за перење

Интегрален текст од изјава за медиуми на Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Павле Богоевски се уште е пратеник. Не сака да се повлече ниту од морални, ниту од здравствени причини.

Ние пак не сакаме избраник на граѓаните да носи одлуки со поматена свест. Не сакаме да се вознемирува кога нема да му биде средено убаво она пола кое што го нарачува.

Вчера ти оставивме бело брашно ама нема благодарност од твоја страна. Извини ако сме ти го згрешиле “белото”.

Еве денес пак бел прашак. Пак имаш цело кило. Можеш да переш алишта ама нема гаранција дека и совеста ќе си ја испереш. Само сакаме да ти напоменеме, во упатството за употреба јасно стои дека не е за преку нос.

Павле, нека не те местат таксистите дека наводно си нарачувал пола грам кокаин кога може си мислел и на прашак за перење. Не нарачувај пред непознати луѓе, некои дилери убаво да ти  спакуваат “пола” во наредниве месец дена. Ние ќе ти дадеме прашак за перење. Се купува во маркет. Исто како што се купува во аптека и масло од канабис кое се произведува од нивите на Заеви. Ќе ти објаснат  Вице и Зоран. Нема потреба по телефон, нелегално да нарачуваш.

И немој Павле да се тестираш за наркотици. Нека збори народот што сака. Не си ти по кокаинот. Ти си по белиот прашак. Затоа твоите алишта ќе имаат планинска свежина.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...