Зоран Илиоски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија„ денеска на седницава рече дека денеска го гледа во прва фаза законот за урбанистичко планирање и на комисија беше посочено дека ќе биде поддржана оти на крајот на краиштата никој закон не е идеален закон и секој закон со тек на време постои потреба од усогласување, променување, подобрување, всушност со самата примена на закон си носи свои промени. Меѓутоа со овој предлог закон ми се чини дека многу добро може да се види начинот на работа на ова парламентарно мнозинство на оваа Влада, како ги планира работите и како ги извршува.

Да не заборавиме дека пред да дојде оваа влада можност за да ја води државата пред изборната кампања ветуваа дека ќе го променат законот, т.е. ќе донесат законски услови да дури 40% од урбанистичкото уредување биде парк и зеленило, појасни Илиоски. Илиоски истакна дека оваа власт само ветува, а ништо не исполнува, и тоа го докажува по којзнае кој пат.