Откако СДСМ дојде на власт Штип стагнира и потона во самодеструкција

Интегрален текст од изјава за медиуми на Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Ако во 2014 година „Фајненшл Тајмс“ го прогласи Штип за најперспективен микро град во Европа, денес ние може да го прогласиме за град кој стагнира.

Ако од 2013 до 2017 година Штип беше претворен во големо градилиште, денес во општината градат само семејните фирми на градоначалникот.

Општина Штип доживуваше експанзија на секое поле и растеше во секој поглед. Откако СДСМ дојде на власт градот потона во самодеструкција. Штип веќе ни оддалеку не наликува на студентски и индустриски град во развој во кој младите ќе ја гледаат својата иднина.

Инвестицискиот рај за странските компании во кои работат работници од  соседни градови е во фаза на исчезнување, па затоа веќе трета година нема ниту една странска или домашна инвестиција со која би се забрзал економскиот раст и развој во општината.

Во ТИРЗ зоната има нула странски инвестиции после 2017 година. Компаниите се жалат на лошата клима за инвестирање во Штип, па затоа веќе не ја гледаат својата иднина во нашиот град.

Клиничката болница која требаше да биде завршена уште во 2018 година остана карабина која гласно зборува за неспособноста на оваа власт, а автопатот Штип – Миладиновци веќе неколку години само што не е пуштен во употреба.

Градоначалникот во предизборието ветуваше  младинска гаранција за вработување на секој студент после завршување на образованието, меѓутоа за тоа веќе нема ни најава дека ќе се случи. Младите масовно се иселуваат од нивниот роден град затоа што овде не ја гледаат својата иднина.

Како резултат на лошото менаџирање на општината од индустриски и административен центар, Штип стана најнеразвиениот град во источна Македонија.

Почитувани,

СДСМ не знае како да практикува власт. Нивното неработење и негрижа за народот од национално се мултиплицира на локално ниво. Безидејноста за нови проекти и неспособноста да ги завршат веќе почнатите е на сметка на граѓаните. Тие се жртва на оваа хунта која нема ни принципи ни критериуми за работа, туку само деградира воспоставени пракси, осиромашува население и го отежнува на секој граѓанин во нашиот град.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...