Одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање: Денеска независната пратеничка група побара во Парламентот доброволно тестирање на пратениците и на другите вршители на јавни функции за наркотични средства? Како го коментирате ова? Дали имате изградено став? Дали да биде задолжително или на доброволно основа?

Одговор на новинарско прашање: Апсолутно е прифатливо и е нешто што и од ВМРО-ДПМНЕ има таква една идеја за таква иницијатива. Второ не е само што треба  пратениците вака да се тестираат туку мора да бидат и проверувани особено оние пратеници коишто поседуваат, а има повеќе такви пратеници коишто и да не се членови на комисијата имаат право да добијат безбедносен сертификат и да имаат увид во државни тајни, во безбедносни тајни и многу важни документи за безбедноста и стабилноста  во Република Македонија. Оттука мислам дека е една иницијатива којашто во моментов добива актуелност. Може да биде и доброволно, може и да биде и задолжително. Оној што ако на  доброволно не се јави, апсолутно отвара дополнителни сомнежи такашто тоа ќе го оставиме за понатаму. Тоа е јасно дека во моментов се наметна како потреба да се направи едно  такво испитување.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...