Власта со својата лицемерна политика гази врз над 310.000 пензионери и им го крати правото на повисоки пензии

Соопштение до јавноста

СДСМ манипулира и си поигрува со пензионерите во Република Македонија. Власта со својата лицемерна политика гази врз над 310.000 пензионери и им го крати правото на повисоки пензии.

Секогаш кога СДСМ е на власт удира по џебот на пензионерите. СДСМ додека беше опозиција ветуваше повисоки пензии, а сега од позиција на власт кога имаше можност да овозможи реално покачување на пензиите одби да го стори тоа.

Пратениците на СДСМ на Комисијата за труд и социјална политика наместо да работат во корист на граѓаните, тие одлучија да застанат позади партиските интереси  и го одбија предлог законот со кој се предвидуваше враќање на старата методологија за усогласување на пензии со која пензиите навистина ќе растеа.

СДСМ со овој несериозен и лицемерен потег создава сериозен удар врз животниот стандард на пензионерите и наместо да им донесе живот како што ветуваше им носи беда.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и ќе продолжи да работи во интерес на пензионерите. Додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт се донесоа голем број на мерки и проекти за подобрување на животот на пензионерите.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ континуирано ги зголемуваше пензиите па така најниската  пензија порасна за 106% односно од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари, додека пак просечната се покачи за 80% и од 7.684 денари  стигна до стигна до 13.754 денари.

Токму затоа пензионерите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш работи за нив, а СДСМ работи спротивно на нивните интереси.

СДСМ докажа дека не се грижи за животот на пензионерите. Негрижата и поигрувањето на СДСМ со пензионерите мора што побрзо да запре. СДСМ мора да си оди, за да се врати достоинството на македонските пензионери.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...