Мицкоски: Не е до метлата на Заев, туку до тој што треба да измете, тој човек треба да си замине

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба,  каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата.

Мицкоски пред присутните  истакна дека на власт се измамници кои ги искористија и упропастија сите дадени шанси и можности и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да застане затоа што има задача да ја крене државата од пустошот кој СДСМ го прави секојдневно.

Нема застанување, нема калкулации, имаме задача да ја кренеме земјата од пепелот во кој ја оставаат и пустошот кој го прави оваа власт со секој поминат ден. Реалноста значи дека имаме работа со луѓе кои се измамници, луѓе кои ги искористија, прокоцкаа сите шанси и сите дадени можности, потенцираше Мицкоски.

Тој посочи дека Заев филмски и кинематографски ја најавуваше метлата која требаше да заигра уште првиот ден после вториот круг, но тој првиот ден прво се одмори, а третиот ден после вториот круг го грабна моторот,  и заедно со другарите си отиде на неколкудневна прошетка низ Балканот, да си се одмори, па откако се врати изјави метлата ќе заиграла во јуни или за неколку месеци.

Се знае дека нема подобро со оваа власт и дека метлата во која се колнеше премиерот Заев е само уште една проѕирна лага. Откако во првиот круг ги виде резултатите од изборите, на кои претходно велеше дека блескаме, вети дека ќе прави метла. Завршија изборите, наместо метла отиде на одмор. А таквата, метлата ќе ја правел по еден месец. Но не е до метлата, туку до тој што треба да измете. Тој човек треба да си замине, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека власта секојдневно ја уништува државата и со својата непринципиелност создава зад себе чемер и јад и неморал кој ги урива вредностите, но за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ е поинакво и негова обврска  заедно со народот  е да се избори  за подобра иднина на Република Македонија и за решавање на проблемите на граѓаните.

Ние сме тие кои заедно со народот ја имаме обврската да се избориме за иднината на земјата, да обезбедиме напредок, и решавање на проблемите. И ние тоа ќе го направиме. Заедно и силно, за нашата Македонија, нагласи Мицкоски.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...