Откако Заев и СДСМ се на власт нема нови капиталните инвестиции, нема повисоки плати, нема повисоки пензии

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ веќе две години ништо не исполни што вети.

За време на избори ветуваше 500 евра за секој граѓанин, 100.000 денари плата за секој лекар, а од тоа нема ништо.

Секој ден владата на Зоран Заев само се задолжува, а парите не се знае каде одат. Вчера Тевдовски ја задолжи државата за нови 49 милиони евра. За само 5 месеци СДСМ ги задолжи граѓаните  за над 317 милиони евра.

Откако Заев и СДСМ се на власт нема нови капиталните инвестиции, нема нови инвестиции, нема повисоки плати, нема повисоки пензии. Нема ништо од ветувањата од економската политика од пред изборите. Наместо најавените ГУГЛ и ФЕЈСБУК, имаме бизнис партнери кои се во бизнисот со марихуана со фамилијата Заеви, а граѓаните тонат во сиромаштија.

Освен сиромаштија и колапс на економијата не доби Македонија ништо од СДСМ. Ова е една од низа причини зошто СДСМ мора веднаш да си замине од власта.

 

 

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести