Стоилковски: СДСМ и министерот Николовски наместо да се грижат за земјоделците тие се шетаат во странство

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ е симбол за уништување на земјоделството во Македонија. Во најлошата сезона за земјоделството – владеењето на картелот на Заеви, наместо на помош и вртење кон земјоделците – власта си замина на одмор. И премиерот и министерот, поважни им се фотографии од странство – кој на мотор кој со старлети, од проблемите на земјоделците.

Пари за ресенските овоштари нема, ама има за обезбедувањетo на Заев при неговите лудории во странство. Се сечат јаболкниците, а килограм јаболка чини половина денар! Нема гранка во земјоделството, нема земјоделец чиј што труд не остана на отпад! Ама на Заев поважно му е да вози мотори по соседните држави.

Ништо поразлично не е однесување кон земјоделците ниту од ресорниот министер, Љупчо Николовски. Наместо да ги решава проблемите на пример на оризопроизводителите од кочанско, да го решава проблемот со водоснабдувањето на оризовите полиња, тој ја исполнува задачата – да ја анимира, да ја шета кумашинката на Заев. Па така, наместо да се фотографира со оризопроизводителите, кои што ги излажа и им ветуваше дека цената за откуп на арпата ќе биде 25 денари, а белиот ориз 60 денари сега наместо да е со нив, тој низ Европа шета и се фотографира со струмички старлети!

Николовски се слика со старлети, Заев се вози со мотори по планини, а оризопроизводителите немаат вода за да ја почнат навремена својата сеидба.

Тоа е односот на владата кон производителите на храна. Владата не направи ништо, за барем оваа година да им помогне на земјоделците, наместо за подобрување на откупот и поголеми откупни цени, премиерот и министерот се посветени на шетање.

Земјоделието нема да мрдне ниту милиметар, а земјоделците ќе се соочуваат со истите проблеми, се додека оваа ненародна влада на чело со Зоран Заев и на чело со Љупчо Николовски со секторот земјоделство е на власт.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...