Погрешните политики на СДСМ граѓаните најдобро ги чувствуваат на својот грб и својот џеб

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Погрешните политики на СДСМ граѓаните најдобро ги чувствуваат на својот грб и својот џеб. Ветената плата од 500 евра се уште ја нема. Се отвори спиралата на поскапување па сега граѓаните плаќаат поскапо гориво, поскап леб, поскапи намирници и општо поскапа потрошувачка кошница. Од ден во ден стандардот на граѓанинот тоне, додека власта се богати преку сомнителните тендери, доделувањето на концесии и непотистичките вработувања.

Растот на економијата во Македонија е убедливо најнизок во Европа и регионот, 70% граѓани земаат плата помала од просечната, над 500 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, над 140 илјади млади се сиромашни, 47,6%младите се невработени и над 70% млади сакаат да ја напуштат државата заради бесперспективност.

Сите овие поразителни бројки се резултат на погубните политики на Заев, Тевдовски и Анѓушев. СДСМ со своите манипулации може самиот себе да се лаже, ама реалноста во Македонија е црна и секој ден станува полоша.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...