Документот на Шилегов докажува дека градбата долж булеварот е започната и злоупотребена сред изборна кампања и за изборни цели

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски

Според документот кој што го приложува Петре Шилегов, одобрението за градба, јасно стои датата на издавање 13.05.2019, односно денеска!

Со тоа Шилегов самиот го докажува кривичното дело злоупотреба со цел градење без одобрение.

Уште еднаш нагласуваме дека градбата е започната и злоупотребена сред изборна кампања со цел поткуп во изборни цели кон неопределен број гласачи.

Шилегов јавно во медиуми на 26 април  посочува дека е започната градба на првата фаза. Тоа е повеќе од 17 дена порано од добиената дозвола.

Дури и дозвола за подготовка на терен се добива врз основа на дозволата за градба.

Со тоа, и СДСМ и Шилегов уште еднаш сакаат да покажат неказнивост и дека се над законите.

Јавното обвинителство со Кривичната пријава беше запознаена дека не смее да остави простор Шилегов да ги преиначи документите за бесправното градење и злоупотребата опфатена со три члена од КЗ  членот 353, членот 244 и членот 162.

ВМРО-ДПМНЕ е против незаконското и криминогеното работење на власта. И локалната и централната власт наместо да се борат за почитување на законите, тие сами даваат личен пример за анархија.

Од позиција на власт, со целосно парализиран правосуден систем затворен во “пупката на Заев”, заштитен со деспотскиот принцип на неказнивост и поставување над законите, Петре Шилегов бесправно гради булевар!

Тоа е јасна порака до граѓаните дека законите не важат за членовите на власта и на СДСМ.

Обвинителството мора да почне да работи согласно обврските и надлежностите, во спротивно стануваа соучесници во нелегалноста.

Затоа Македонија втора година нема да добие датум за почеток на преговорите, и за жал ќе продолжи да тоне по параметрите за демократски систем.

За криминогеното делување на Шилегов има кривична пријава по член 353 од КЗ и за неа ќе одговара.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...