Заев наместо да ги засука ракавите и да почне да работи на проблемите со кои се соочува државата, главна преoкупација му е со каков мотор ќе се вози

Соопштение до јавноста       

Неспособноста на владата да ги испорача реформските приоритети, неиплементирањето на судските реформи, организираниот криминал, високиот степен на корупција, нарушеното функционирање на институциите, бројните скандали и однесувањето на функционерите на власт, не само што на Македонија нема да и донесат датум за преговори со Европската унија, туку ќе ја доведат државата и граѓаните во поголема криза.

Пораките и препораките кои стигнуваа годинава за состојбата во која што се наоѓа Република Македонија, не допираат до Зоран Заев. Тој бесрамно се самонагради со незаслужен одмор за неспособното работење.

Заев наместо да ги засука ракавите и да почне да работи на проблемите со кои се соочува државата, за да им обезбеди европска иднина на граѓаните, главна преoкупација му е со каков мотор ќе се вози.

Ноншалантното однесување на Зоран Заев, лагите дека сме добиле чист датум за преговори ќе ги чинат граѓаните повторно разочарување. Со ваков премиер Република Македонија ќе оди само назад, државата ќе продолжи да тоне, а резултатите од неработењето ќе бидат повторно на товар народот.

Нема сомнеж дека сериозните европски партнери ќе го казнат неработењето на Заев, кој ќе треба да поднесе одговорност зашто ги трошеше државните пари за прослави по повод добивање на наводен датум за преговори со Европската унија.

Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите во јуни,затоа што владата нема капацитет да ги испорача критериумите, а единствени реформи се скапите мотори на Заеви.

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...