Милошоски: Република Македонија доби претседател избран со кредит и политичка хипотека

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

По однос на денешната инаугурација за претседател на Македонија ќе го кажам ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Државата доби претседател избран со кредит и политичка хипотека.

За господинот Пендаровски гласаа за волја на вистината и многу луѓе со доверба и високи очекувања.

Но, исто така голем број на луѓе не гласаа за него и не ја дадоа довербата. Но, она што беше најважно за да биде избран за претседател е што доби политички кредит од политичари и партии кои што ќе очекуваат тој кредит да им се врати.

Враќањето на тој кредит нема да биде од страна на господинот Пендаровски, веројатно ќе го враќа политичарот со кого што Пендаровски се согласува 102,5 проценти според неговите зборови. Во следниот период ќе гледаме кои фактури ќе стигнат на сметка на државата, на владата и на институциите.

Според мене, таквото враќање на политичкиот кредит најмногу ќе ги разочара тие кои што со доверба и големи очекувања гласале за господинот Пендаровски.

Во секој случај пожелуваме успешен мандат и сметаме дека од денес па натаму СДСМ и ДУИ ја имаат апсолутната власт во државата. Имаат собрание и мнозинство, влада и министри, мнозинство на градоначалници и претседател на држава.

Апсолутната власт, носи и апсолутна одговорност, за жал понекогаш апсолутната власт многу и корумпира и очекуваме да видиме какви мерки ќе преземат за дадените ветувања дека Македонија ќе биде земја во која што ќе донесат живот и подобар економски развој.

Поврзани вести