Ја охрабруваме ДКСК да ги ипита сомнежите за влијание на Анѓушев за продолжување на рокот на иградба на 3 хидроцентрали

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Ја поздравуваме одлуката на антикорупционерите за отворањето на повеќе случаи со сомнеж и основ за корупција во владата на СДСМ и укажуваме дека ќе ги следиме нивните истраги и каде треба дополнително ќе сугерираме за целосно расчистување на истите случаеви.

Денеска сакаме да нотираме уште еден спорен процес за концесијата за 3 хидроцентрали на вицепремиерот на владата на СДСМ Кочо Анѓушев.

Имено да потсетиме дека Кочо Анѓушев ја поседува фирмата МХЕ Тополки преку фирмата Фероинвест, а управител на истата е неговиот брат Тодор Анѓушев.

МХЕ Тополки добила концесија од Владата за изградба на 3 хидроцентрали кои требало да ги изградат во рок од 3 години согласно член 68 од договорот за концесија кој што бил потпишан.

Со нов анекс договор, потпишан од актуелниот министер на Заев во Владата, Садула Дураку, на вицепремиерот Кочо Анѓушев му се продолжува рокот за изградба за уште околу 2 години заклучно крајот на 2019 година бидејќи во првите 3 години нема ништо изградено.

Не би било ништо тука спорно, освен ако не е уредено во првичниот договор кој го потпишала фирмата МХЕ Тополки со Владата каде што  во член 68 пишува дека доколку не се изградат хидроцентралите во рок од 3 години, договорот се раскинува.

Во овој случај сомнежот е дека Кочо Анѓушев влијаел кај својот колега Садула Дураку да му го продолжи рокот за изградба на околу 5 години. Значи од 3 години се продолжува уште за година и 7,8 месеци скоро 5 години.

Од она што може да се забележи во моментов, се уште ништо не е изградено согласно договорот за концесија.

Па така ги повикуваме антикорупционерите да го истражат и овој спорен процес и случај.

Очигледно целиот процес околу концесијата на Тополки има многу сомнежи кои вредат и заслужуваат да се истражат и ние ќе ги следиме целите процеси на истраги и истрагите и секаде  каде што треба ќе нотираме како што веќе рековме очекуваме дека и за овој процес да се отвори случај каде што ќе се дознае вистината како било влијаено да се продолжи рокот на изградба од 3 на 5 години.

 

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...