Ѓорѓиевски: Полициските службеници се мета на напади и закани од партиските послушници блиски на власта

Интегрален текст од изјава за медиуми на Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Полицијата под раководство на Заев и Спасовски е понижена и девалвирана, а полициските службеници се мета на напади и закани од партиските послушници блиски на раководството.

Вчера беше 7 мај, денот на полицијата, но наместо унапредување на стандардите за работа, полицијата се соочува со партиски притисоци и закани при вршење на својата работата. Функционерите на СДСМ не почитуваат ни закон ни униформа.

На 5 мај, за време на партиска активност на СДСМ во Велес, претседателот на совет на општина Велес, упатил закани кон командирот на ПС Велес, со што сторил кривично дело, загрозување на сигурноста, за кое што се гони по службена должност. Партискиот функционер го нападнал командирот со закани кон него лично, но и кон неговите деца.

МВР на Спасовски молчи и го крие случајот. Осуда нема. Нема ниту разрешување на локалниот шериф затоа што на Заев и на Спасовски им се поважни партиските послушници.

Ова не е првпат полициски службеник да биде нападнат од функционери и активисти на СДСМ. Пред две недели во општина Илинден со нож беше нападнат полицаец и му беа нанесени тешки телесни повреди од страна на синови на советник на Оливер Спасовски. Полицискиот службеник загуби слезина и бубрег но тоа не беше доволно за насилниците да се најдат во притвор.

Во текот на изборната кампања сведоци сме исто така бевме и на напад на полициска екипа од страна на активисти на СДСМ во општина Шуто Оризари, а сите го паметиме и нападот на “пајакот” врз полицајката во Мавровка за кој што не успеа Спасовски да обезбеди докази, а снимките од видео надзорот мистериозно исчезнаа и никој не ги виде.

Ова се само мал дел од секојдневните напади и понижувања на полицијата од страна на функционери и активисти на СДСМ.

Заев и Спасовски ја оневозможуваат нормалната работа на полицијата.

Угледот на МВР никогаш не бил понарушен од сега.

Деградирањето на службата мора да запре. Припадниците на МВР се наши браќа и сестри, кои се грижат за јавната безбедност и истите заслужуваат должна почит.

Недозволиво е партиски функционери да напаѓаат службеници и да остануваат неказнети.

Го повикуваме ЈО да поведе постапки и да ги расветли сите случаи на напади. Доколку поради политички притисок немаме правна разрешница за сите овие случаи, со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде отворена постапка и секој еден кој што се огрешил пред законот ќе одговара.

Времето на неказнивост наскоро завршува.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...