Мицкоски до Заев: Подготви се за политичка пензија

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното директно вклучување од Охрид за емисијата “Отворено“ на Алфа телевизија му порача на Зоран Заев и неговите послушници да се спремат за политичка пензија.

Тој посочи дека по победата на Силјановска Давкова на вториот круг од претседателските избори следат и предвремени парламентарни избори по што ќе следи и формирање Влада која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните го поразија овој класичен апсолутизам и деспотизам и граѓаните во првиот круг го поразија, но дефинитивно ќе го поразат во вториот круг на 5-ти мај. А на СДСМ и на Зоран Заев и на тие малкумина послушници околу Зоран Заев можам само да им препорачам полека полека да се подготвуваат за политичка пензија бидејќи следат предвремени парламентарни избори и потоа следи нова честита влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...