Мицкоски до оние врз кои власта врши притисок: Да не се плашат, деспотот е на колена, тие што притискаат ќе одговараат

Во вечерната емисија на ТВ Алфа, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој посочи порака до граѓаните да не се плашат.

-Деспотот е на колена знаеме кои се тие што притискаат, ќе одговараат, рече тој.

Мицкоски додаде дека на дневна основа добива десетици сведочења од страна на администрацијата дека врз нив се прави жесток притисок од страна на неколкумина верни послушници на Зоран Заев.

-Сакам да им порачам овде од Охрид при крајот на кампањата на сите оние верни граѓани на Репубика Македонија, лојални граѓани на Република Македонија и чесни домаќини луѓе, домаќинки, честити луѓе, да не се плашат бидејќи деспотот е на колена и доаѓа крајот на ова несреќно владеење на СДСМ и на Зоран Заев, истакна Мицкоски.

Мицкоски истакна дека по формирање на нова честита влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги казни со што тие што сега уценуваат за гласови ќе одговараат пред законот.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...