Власта е во паника и немајќи актуелни теми измислуваат, за разлика од Заев, мене не ми требаше државна функција за да го заработам она што го имам

Соопштение до јавноста,  став на Христијан Мицкоски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изнесените невистини од страна на Костадин Костадинов и СДСМ

Власта е во паника, прават грешки, контрадикторни се, конфузни и се препелкаат. Рециклираат стари теми, и немајќи со што да бидат актуелни, измислуваат. Тоа се чекори на очајник, на некој кој знае дека губи, дека нивниот крај брзо ќе стигне. А сметката за неправдите мора да се плати, зошто правдата пред се е одговорност.

Гледам и денес продолжуваат со тоа, па на младиот и неискусен Костадинов му рекле да прави прес конференција пред мала хидроцентрала.

Г-дине Заев и господа од СДСМ, немаше потреба на погрешна локација да го испраќате да држи прес конференција, да ме навредува, да не ја говори вистината, да измислува. Ќе ве однесев јас на точната локација на проектот каде 7% од сопственоста имам и јас, нешто што одамна е познато, чесно заработено, и нешто што не е тајна. Или пак можевте да го прашате вашиот најблизок соработник господинот Анѓушев како се добива концесија за изградба на мала хидроцентрала бидејќи истиот е сопственик или косопственик на десетици такви низ Македонија.

За разлика од г-динот Заев, мене не ми требаше да имам државна функција за да го заработам она што го имам пред активно да се занимавам со политика. Тоа Заев не може да го каже за себе си.

Но бидејќи ја повикувате ДКСК да провери да покрене истрага на кој начин е добиена концесијата, јас би сакал да предложам следно, имено Ви предлагам веднаш сите државни институции не само ДКСК, сите институции нека го истражат целиот мој имот, а јас им стојам на располагање на истите за било какво објаснување, дообјаснување и слично, да проверат дали има нешто што е спротивно на законите и процедурите и доколку констатираат било каква повреда на процедурите и законите, јас сум подготвен да поднесам одговорност, во спротивно должите извинување пред Македонската јавност.

Но воедно ги поканувам истите тие да го испитаат имотот на лидерот на Костадинов и семејството Заеви. Да истражат која беше имотната состојба на Заев и семејството пред и по неговото влегување во политиката. Да го истражат и Глобал, и случајот поткуп, да истражат како од едно земјоделско семејство се стига до Бентли и Мајбах автомобили. Како тоа братот на Премиерот стана најпосакуван бизнис партнер на матните кругови од подземјето, и секако да има одговорност доколку се потврдат сомнежите. И еден личен совет до гласноговорникот, не прифаќај да те повлечат во нивната бездна и да ти ја изгорат кариерата, уште пред да ти започне. Колку и да сакате белото да го прикажете за црно, да ме извалкате со вашите нечесни игри, нема да можете. Се е јасно и видливо, а неправдата ќе биде победена од правдата, и го имате мојот збор за тоа!

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...