Николоски: Победата на Сиљановска на 5-ти мај ќе значи пад на оваа влада, брзи предвремени избори и формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

На еден ден пред завршувањето на кампањата за претседателските избори, сакаме да одржиме една прес конференција која што е практично предупредување за она што ќе следува во следниот период во Република Македонија.

Имено желбата за интеграција во ЕУ е основна и за истата има консензус помеѓу сите македонски граѓани. Нешто за што сонуваат генерации од основањето на државата до денес.

За жал во изминатиот период истата беше блокирана пред се и најмногу заради грчкото вето. Знаете дека години наназад имавме позитивни препораки за почеток на преговори од 2008 година, но истите не почнуваа заради грчкото вето.

За жал во последниве две години се случува обратен феномен, а тоа е и покрај капитуланскиот договор од Преспа со кој што Владата се обиде да го реши спорот за името, сепак минатата година немаше датум за почеток на преговори со ЕУ. Тогаш владата вети дека ќе има овој јуни. Денес на сите им станува јасно дека и овој јуни датум за почеток на преговори со ЕУ нема да има. За жал нема да има. Велиме за жал затоа што тоа е на штета на цела држава и на сите граѓани на Република Македонија.

Тоа им беше на сите јасно но сега еве и јавно. Тоа е така затоа што нема реформи во клучните области. Минатата година во месец јуни на владата и беше даден роковник и сет на реформи кои што требаше да се остварат. Тие реформи се практично она што е најзначајно за граѓаните на Република Македонија. Тоа се правосудни реформи, борба против организиран криминал и корупција вклучително и на високо ниво и реформи во разузнавањето и безбедносните структури, како и реформа на јавната администрација. Нешто што е насушно потребно за граѓаните во секојдневниот живот.

За жал скоро година дена подоцна тие реформи не се случуваат и затоа е многу извесно дека во јуни Македонија нема да добие датум за почеток на преговори. Сите други одговори се само изговори.

Сакам да истакнам овдека дека и минатата година во април месец предупредивме дека дури и да се реши спорот за името Македонија нема да добие датум за преговори и нема да почне преговори затоа што нема реформи. Тогаш го имаше оној смешен план 3-6-9 кој што беше полн со се она освен со реформи. И на крај завршивме во иста група со Албанија. Значи од држава која што беше во група со Словенија и со Хрватска завршивме во иста група со Албанија.

Минатата година некаде во ноември месец во моја колумна насловена „Црни сценарија“ предупредив дека и оваа година во јуни Македонија нема да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, затоа што нема реформи и ја повика владата да ги спроведе реформите во клучните области кои што ги побара ЕК.

За жал, месец мај денес на некаде месец и половина пред конечната одлука на ЕУ на сите им е јасно дека овие црни сценарија се остваруваат и дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Затоа е потребно оваа влада час поскоро да си замине, затоа што се покажа дека во овие две години нема ни капацитет, ни волја да спроведе реформи. Нема капацитет затоа што нема кадри кои што ќе може да ги спроведе реформите, а нема волја затоа што овие реформи пред се треба да го зафатат Заев и најблиските околу него. Затоа што се во области кои што се најпроблематични за Заев, а тоа е јавната администрација во која што цвета непотизмот, тоа е корупцијата односно борбата со корупција која што галопирачки расте во Република Македонија пред се на луѓе блиски до Заев и на луѓе од владата. Тоа се реформите во правосудството кои што за жал не ги гледаме и сето ова на купче ставено покрај немањето капацитет и значи немање волја на реформи.

И затоа е потребно оваа влада час поскоро да замине затоа што ако не замине и следната 2020 година Република Македонија ќе испушти. Затоа ги повикувам сите граѓани на Република Македонија да ја подржат Гордана Сиљановска Давкова на 5-ти мај, затоа што победата на Гордана на 5-ти мај ќе значи пад на оваа влада, брзи предвремени избори и формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што ќе се зафати со овие реформи, ќе ги испорача, ќе го подобри животот на граѓаните и се надевам дека на крајот на годината ќе може да имаме позитивни вести за членството на Македонија во ЕУ.

Одговор на новинарско прашање на Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Во текот на овие два дена Алијанса за Албанците и Беса ќе одлучуваат за нивниот став за вториот круг. Дали имате некоја порака за овие две партии или за гласачите на Блерим Река?

Одговор: Она што би можел да го кажам е и се однесува пред се  на гласачите, сметам дека овие избори покажаа дека во Република Македонија годините на демократија и самостојност во најпозитивна смисла си го прават своето односно дека  граѓаните се се повеќе едуцирани во однос на своите политички определби и никој веќе гласачите  не може да ги каже дека ги има кај себе и може да му ги даде на некој друг. Тоа е завршено во македонската политика. Тоа не го сфатија Заев и Пендаровски, не сфатија дека во политиката две круши и две јаболка не се 4 било што и дека едноставно не може така  да се собираат работи. Во однос на оние коишто го подржаа професорот  Река, имаше од сите делови на државата. Јас би сакал да им честитам на изборот, лично сметам дека професорот Река имаше солидна кампања во којашто добро се претстави. Најголем дел од нив знам дека се гладни за правда, затоа што и тој зборуваше за правда како што зборуваше и професорката Сиљановска, а сите знам дека сакаат оваа влада да падне, затоа што гласаа за кандидат којшто беше предложен од опозицијата и затоа сметам дека професорката Сиљановска е соодветно решение за гласање во вториот круг и ги повикувам да ја разгледаат нејзината програма, да ја прочитаат и да видат дека заедничката желба за правда ја има кај сите оние којшто гласаа и за неа и за Река, а мотивот да падне оваа власт е навистина голем затоа што промени се потребни во Македонија, вклучително и за ова што го зборував до сега, а тоа почеток на преговори со ЕУ, коишто за жал две години со ред не се случуваат, тука професорот Река е апсолутно експерт и има со што да се пофали имајќи предвид дека беше македонски амбасадор во Брисел кога Македонија прв пат доби препорака за почеток  на преговори нешто што за жал денес не се случува.

Прашање: Господине Николоски дали постои можност за дополнителна мобилизација на неопределените гласачи, и на оние кои што се разочарани и од едната и од другата партија за да излезат за да бидат успешни изборите на некој начин да биде исполнет цензусот?

Одговор: Можам да ви кажам дека помеѓу двата круга во овие денови на кампања ние сме насекаде низ државата како што гледате и од нашите активности има една силна мобилизација  на гласачкото тело. Можам да ви кажам дека има една ерупција од емоции кои што се главно насочени кон опозицијата кон Гордана Сиљановска Давкова и сметам дека во вториот круг ќе порасне излезеноста  и сметам дека тоа ќе е фактор кој што ќе и ја донесе победата на Гордана Сиљановска Давкова. Како што и сметам дека ќе се намали бројот на неважечки ливчиња во овој втор круг затоа што да бидеме реални луѓето беа под притисок особено во помалите средини не секаде избирачките места се по 1.000 избирачи колку што е максимум во Државната изборна комисија, па да не се знае кој за кого гласал . Има избирачки места и со 20 и со 30 и со 50 избирачи. Отприлика се знаат луѓето кој за која политичка определба е и беа притискани да гласаат за Стево Пендаровски. Не сакајќи да го направат тоа дел решија да останат дома, а другиот дел решија да излезат и да ги поништат ливчињата. Сега кога гледаат дека Гордана Сиљановска Давкова победува дека оваа власт паѓа и практично уцените и заканите на власта насочени кон нив веќе не допираат затоа што нема ни начин власта да ги реализира. Очекуваме да поддршката за Гордана Сиљановска Давкова да драстично порасне помеѓу двата круга. Јас дадов едно предвидување вчера ќе го повторам денес очекувам, победа на Сиљановска со 30.000 илјади гласа разлика.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...