На 5-ти мај да покажеме дека на државата и се потребни правда и правдина и да ја дадеме поддршката за професорката Сиљановска Давкова

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Игор Здравковски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес

Почитувани,

Најнапред сакам да Ви ги честитам велигденските и првомајските празници со искрени желби за подобар и подостоинствен живот. Во недела Македонија ќе одлучи дали сакаме да бидеме тоа што сме Македонци, дали сакаме да живееме во државата во која сме раснеле и државата во која ја гледаме нашата иднина или пак сакаме да живееме во обезличена, поделена, ново создадена творба која се темели на законот на силата, уцените и заканите.

Верувам дека вашата одлука е веќе донесена, одлуката во првиот круг во Општина Велес покажа сама по себе дека ние си ја сакаме нашата држава.

Сосем блиску сме до враќањето на достоинството. Сосем блиску сме до будењето на македонскиот народ. Сосем блиску сме до патеките по кои одеа нашите предци.

Партијата на власт во овој период помеѓу двата круга води кампања која се базира на заплашувања и уцени. Ве заплашуваат со нешто што поминало без притоа да имаат доблест да се извинат за нивните штетни одлуки без да го оправдаат нивното неработење и одење напред кон амбисот без да кажат за секојдневните неправди, криминали и непотизам. Ве плашат со минато време за кое еднаш народот го казни ВМРО-ДПМНЕ со губењето на локалната власт. Но за волја на вистината ниту еден клинец од тогаш не е закован и ниту една инвестиција не е отворена.

Овие две години ги гледаме како се уште глумат опозиција за се наоѓаат виновници во минатото и ги гледаме секојдневно како се задолжуваат, во очи ве лажат. Ги гледаме дека освен со розови наочари поинаку не знаат. Не умеат од својата ароганција да го видат пустошот што го прават. Не умеат да ги видат стотиците затворени дуќани во градот. Не умеат да го согледаат намалувањето на бројот на учениците од образовните институции поради масовното иселување.

Токму затоа во недела на 5-ти мај ден Ѓурѓовден тие ќе си го ожнеат тоа што си го посеале. На 5-ти мај ќе им ги симнеме розевите очила. На 5-ти мај сите заедно ќе им кажеме на народот му фали правда и правдина. Ќе кажеме дека не е доволно само да си ја свиткаме кичмата пред соседите и да лажеме дека така ќе влеземе во ЕУ. За да не примат во ЕУ треба работа, посветеност, искреност и реформи. Првата реформа ќе биде назначувањето на искрен и достоинствен кандидат за претседател на Република Македонија, претседател кој ќе се бори за право и правда за својата држава, а не што ќе се заканува на нејзините граѓани.

Ве повикувам масовно да и дадеме поддршка на професорката Гордана Сиљановска Давкова, да го заокружиме бројот 2 и да зададеме уште поголем удар од оној од пред две недели бидејќи тоа е потребно на нашата татковина.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...