Милошевски: Не водам црна кампања и нема да кажам ниеден лош збор за мојот противкандидат

Во своето гостување на Алфа Телевизија, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски изјави дека неговата кампања е позитивна и дека не сака да се служи со негативна кампања како неговиот противкандидат од СДСМ.

-Немам кажано никаков лош збор за мојот противкандидат, а неговата последна прес конференција пред два дена е недостојна за една личност, за еден доктор, за еден колега. Јас сум сигурен дека не е од него напишано, му го посакав истото што и го посакувам на мојата фамилија, нема повеќе да се спуштам оти сметам дека тоа ќе ме девалвира. Помлад човек е, не го сфати тоа, но еве јас му простувам.

Тој за последните афери за нарачани текстови кои што му се припишуваат вели нема никакво влијание врз уредувачката политика на медиумите и дека не ги дели порталите на опозициски и провладини.

-Гледам секаде да бидам пристутен каде што ќе ме поканат. Јас не можам да порачувам текстови никаде, изјави Митре Милошевски, кандидатот за Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...