Арсовски: Пратеничката од СДСМ, Катерина Кузмановска од Струмица, ја вработила својата ќерка Марија Кузмановска на Гинекологија во Скопје

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Лицемерието во СДСМ нема крај. Нивните функционери немаат ниту срам ниту перде. Заев ја лажеше целата јавност дека ќе се спротивстави на непотизмот кој што ги зафати изминатите месеци.

Почитувани,

Непотизмот не само што не прекина, туку и продолжи да се шири.

Најновите информации кои стигнаа до нас говорат дека и во здравството има вработувања по принципот на Мира Дизел вработувања.

Почитувани,

Пратеничката од СДСМ, Катерина Кузмановска од Струмица, својата ќерка Марија Кузмановска пред извесно време ја вработила на Гинекологија во Скопје и тоа со дискреционо право на директори и министри.

Интригантно е што ќерката на Кузмановска е општ доктор и е вработена во ГАК, а на Гинекологија сите знаат дека и се потребни специјалисти гинеколози кои недостасуваат.

Замислете општ лекар од Струмица се вработува на Гинекологија во Скопје каде што се потребни специјалисти гинеколози.

Воопшто не им е важно ниту здравството, ниту пак сузбивањето на непотизмот. Важно им е само да ги вработат своите роднини и да си поделат тендери во здравството, додека пак секој ден ни се иселуваат млади лекари.

Ја повикуваме антикорупциската комисија да го испита и овој случај на непотизам. Додека пак Катерина Кузмановска има морална одговорност веднаш да и се извини на јавноста и да си даде оставка.

Почитувани,

Не само што не прекинаа со вработување на нивните најблиски СДСМ, туку и продолжија нови да вработуваат, лажејќи го народот во очи, само да ги гласа на изборите.

Епа почитувани, господа од СДСМ Ви дојде крајот.

Во недела волјата на граѓаните ќе биде јасно изразена и ќе ве поразат граѓаните исто како што ве поразија и во првиот круг од претседателските избори.

Ве повикувам сите граѓани во недела масовно да го дадете својот глас против непотизмот, против оваа ненародна и криминална власт и против Стево Пендаровски кандидатот на СДСМ.

Почитувани,

Иден претседател на Република Македонија е професорката Сиљановска која што се бори за право и правдана наспроти СДСМ кои што се борат единствено за личен интерес, за вработувања на своите најблиски и за криминалните тендери.

 

 

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...