Николоски: На 5 мај ќе победи Македонија и Силјановска

Македонија ќе победи на 5 мај затоа што на Македонија и е потребна правда, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето на телевизијата Алфа.

-Правда во Македонија и е потребна во секој сегмент на животот, во судството, обвинителството, во јавната администрација, во економијата, образованието, здравството, правда е потребна за секој граѓанин затоа мислам дека со еден збор успеавме да опфатиме се што е потребно, објасни Николоски.

Според него на Македонија и е потребна правда и кога станува збор за меѓународните односи, бидејќи промената на името се случи вон сите меѓународни правни правила.

-Многу луѓе се гневни на случувањата, многу луѓе се разочарани од оваа, но и од претходната власт, мора да бидеме и самокритични, има и луѓе кои се заборавени, факт е дека дел и се заборавени и тие се и оние кои не излегоа да гласаат, посочи Николоски.

Оттука рече тој, на 5 мај очекувам, Гордана да е убедлив победник и ќе победи со разлика 30 до 40 илјади гласа разлика.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...